Бучавата ја намалува можноста за концентрација на учениците во некои училишта и ја пореметува природата, покажало истражување на Европската агенција за заштита на околината.
“Загаденоста со бучавата е најголем здравствен проблем во Европа“, тврди ЕЕА.
ЕЕА, агенција од ЕУ со седиште во Копенхаген, нагласува дека сообраќајот е главен извор на бучавата над пропишаното ниво и погодува 125 милиони луѓе, што е четвртина од населението во ЕУ.
Агенцијата проценува дека тоа предизвикува прерана смрт во Европа секоја година, со бројка од 10 000 луѓе.
Повеќе од 900 000 случаи на хипертензија се поврзуваат со бучавата, која поттикнува и несоница.
Луксембург, Белгија и Бугарија имаат урбани зони со најголем процент на жители погодени од бучавата, додека зоните на Малта, Исланд и Германија се најтивки.
Во извештајот се повикува на подобро планирање кое тргнува од чување на тивки оази во градовите, до помалку бучни гуми на тркалата.
извор:http://metro-portal.hr/