Канадската тенисерка Еугение Бушард го одржа зборот после изгубениот облог и излезе со момчето кој е нејзин голем обожавател.
22-годишната Бушард во текот на финалето на Супербоул на Твитер типуваше на триумф на Атланта Фалконс, а еден фан и се спротистави и типуваше на Њу Ингланд Патриотс. Со пресврт „патриотите“ победија и момчето го доби облогот.
Младата и убава тенисерка се пофали на социјалните мрежи, а покусо не остана и момчето кое сигурно вечно ќе ја памети оваа средба и победата на „патриотите“.
Што се однесува до тенисот, Бушард има значителен напредок последниве две години играјќи во финалето на грен слемот во Вимболдон и во полуфиналето на Австралија Опен и Ролан Гарос.
OhridNews