За време на престојот во Охрид тој ќе биде сместен во хотелот Инекс Горица, а во негова чест ќе биде организирана и работна вечера со преставници на АФМ и организаторите на митингот. За време на вечерата, ќе биде подготвена и посебна културна уметничка точка, а ќе може да ги проба и традиционалните македонски специјалитети.
Планирано е и да оствари средба со украинскиот амбасадор во Македонија.