Туркменистанската национална телевизија е под истрага  затоа што бубашваба им се нашла во кадарот за време на вестите. Додека новинарот читал вести, бубашвабата се шетала по масата.


бубашваба “гостин“ во вести

Телевизијата била блокирана од јавувања на изнервираните граѓани. Велат дека вечерале кога инсектот им се појавил на малите екрани и им се згадила вечерата. Министерот за култура Гулмурат Мурадов наредил итна внатрешна истрага. Отпуштени се 30 вработени, вклучувајќи уредници, директори и технички персонал.

ohridnews