Во центарот на Њу Јорк пуштени се 720.000 бубамари кои треба да заштитат еден станбен комплекс од штетници.

Во наредните денови тие ќе се населат во разните дрва, цвеќе, и жбунови во потрага по ситни инсекти со кои се хранат, какви што се растителните  вошки. Со купување на бубамарите по цена од 16,5  долари за 2000, соспственикот на комплексот згради избегнал употреба на хемиски инсектициди за решавање на проблемот со растителните вошки.

Според продавачите на бубамари, секоја од нив може да изеде околу 50 растителни вошки дневно, а ги јаде и нивните јајца.

Ј.М.