Ретката врста бубамара со девет точки, за која се верувало дека е истребена, повторно по речиси три децении била забележана во Њујорк. Ентомологот Џон Лози од универзитетот Корнвел рекол дека бубамарата со девет точки била пронајдена во јули на една органска фарма на Лонг Ајленд.
Симпатичната бубамара, инаку, била официјалниот инсект на Њујорк. Таа пред неколку децении била најраспространетата врста бубамари во Соединетите Американски Држави.