На 29 декември, вторник, Советот на Општина Охрид ќе ја одржи 53 седница на чиј дневен ред се програмите на секторите и одделенијата на локалната самоуправа за 2021 година и распределбата на средствата од буџетот на општината, кој е проектиран на околу 600 милиони денари.

На оваа седница треба да биде верификуван мандатот на новиот советник, кој ќе седне во советничките клупи на местото на Нефи Усеини, кој неодамна си поднесе оставка.

OhridNews