Со 16 гласа „за“ и 11 „против“ Советот на Општина Струга на одржаната седница го донесе буџетот за 2024 година во износ од 1.279.677.000,00 денари.
За советниците на ВМРО – ДПМНЕ, буџетот е неразвоен и нема да овозможи подобрување во животот на стружани.
За жал, за тоа што треба да биде главен фокус во Буџетот од трошковната страна, а тоа се капитални проекти, во новиот буџет е предвидено да се намалат за 67 милиони денари во однос на претходната година. Приходната страна е преоптимистички планирана, истакна координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Ален Деребан.
OhridNews