Брзата помош во Охрид изминатава ноќ со полни раце работа. Работно беше многу, екипите цела ноќ не застанаа, амбулантата беше полна, вели Д-р Љупка Николоска, началник во Итната медицинска помош Охрид.
Случаи имаше на алкохолизирани луѓе, дополнително има и некој вирус во градот. Работно без пауза. И цело утро продолжуваме со работа. Една екипа имаме на терен, една е во амбуланта, додава.
Како и секаде вели фали кадар, но се екипирани за да можат да одговорат на потребите.
Упатувам апел да се внимава со конзумацијата на храна и алкохол, додава Николоска.
Н.С.Ј.