Брза и прецизна молекуларна детекција на респираторни инфекции достапна во Центарот за јавно здравје Охрид.

Набавена и инсталирана е новата опрема за детекција на респираторни вируси и бактерии, преку тестирање на молекуларно ниво со Multiplex RT – PCR технологија. За разлика од имунолошките техники базирани на детекција на антитела што се развиваат после одреден период (седум дена) по инфекцијата, молекуларната технологија е погодна за детекција на акутни состојби на инфекција.

Досега немало ваква техника кај нас, не се работеле респираторните инфекции и со ваква апартура RT – PCR технологија. Станува збор за анализи на вируси и бактерии, микроорганизми кои предизвикуваат атипични пневмонии, затоа се карактеристични и за матичинте лекари за да правилно и добро ја дијагностицираат болеста кај пациентите. Тоа го докажавме и со примената на целосно авотматизиран систем на PCR-real time детекција и определување на 14 високоризични типови на Human Papiloma Virus (HPV) и Chlamydia trachomatis. Сега ги прошируваме анализите и за респираторните инфекции, бидејќи е сезона, и иако е март сепак уште имаме луѓе кои се жалат на кашлање, болки во градите…, вели директорот на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков.

На InGenius се тестираат назофарингеален брис, орофарингеален брис и спутум, при што за само неколку часа се добиваат резултати предизвикани од вирусите SARS-CoV-2, Influenza A, Influenza B, Respiratory Syncytial Virus (RSV), бактериите Mycoplasma pneumoniae, Chlamydia Pneumoniae, Legionella pneumophilla.

Преку примерок на брис од грло, нос, искашлок за само неколку часа се добиваат резултатите за горно и долно респираторни инфекции и истите се работат на високо софитицирана опрема каде ќе има и добри резултати. Сите анализи кои се за респираторните инфекции се покриени од страна на Фондот за здравствено осигурување, се плаќа само партипација зависно од анализата, додава Точков.

Посочува дека остануваат на нивната основна заложба и посветеност за овозможување на висококвалитетна и професионална здравствена услуга со цел да се одговори на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различлни состојби, што води кон унапредување на здравјето на пациентите.

Н.С.Ј.