Најмалку 60 луѓе се повредени, од кои десет потешко, кога локален воз на југот на Франција налетал на дрво што паднало на пругата. Несреќата се случила вчера попладне, нешто пред 16 часот во близина на Монпеље. Како што се наведува, возот се движел со брзина од 140 километри на час, а дрвото паднало на пругата по големото невреме во тој дел на Франција.

Железничката компанија не објави колку вкупно патници биле во возот.

OhridNews
извор Макфакс