Славниот холивудски актер Брус Вилис неодамна во тајност го посети Белград, каде со продуцентот на филмот Умри машки, ги посетил локациите на кои ќе се снима најновото продолжение на филмот. Продуцентите најпрво сакале да снимаат само во затвор, но потоа се заинтересирале и за главната железничка станица.


Екипата на филмот планира на неколку дена да ја затвори главната железничка станица и околните улици, но за тоа ќе им биде потребна дозвола од властите, а за сега ја немаат, бидејќи се работи за дел од градот каде што се наоѓаат најфреквентните улици, па преговорите сеуште се во тек.

Од Белград Брус заминал во Софија, каде работи на друг филм. Снимањето на Умри машки 5 ќе стартува во почетокот на февруари во Будимпешта.