Холивудскиот актер Брус Вилис потврдил дека ликот на Џон Меклејн повторно ќе се врати на големото платно во шестиот дел од филмовите „Умри машки“. Гостувајќи во ‘The One Show’ Вилис открил дека планира уште едно продолжение на акциониот серијал. За петтото продолжение „Умри машки: Добар ден да се умре машки“, актерот рекол дека воопшто не му се допаднал насловот и дека не го разбрал најдобро.
Во петтиот дел Вилис повторно е во улогата на култниот лик Меклејн. Овој пат, полицаецот кој не зема заложници се наоѓа на погрешно место, откако ќе оди во Москва да му помогне на отуѓениот син. Додека руското подземје припрема војна, таткото и синот откриваат дека комбинацијата на нивните потполно спротивни методи ги чини незапирливи херои.