Брус Вилис, Кристен Стјуарт и Џеси Ајзенберг ќе глумат во новиот филм на Вуди Ален, кој по обичај информациите за сценариото, називот на филмот и други поединости сеуште ги држи во тајност, пренесуваат електронските медиуми. За разлика од Ајзенберг, кој со Вуди соработувал во 2012 година во неговиот филм „За Рим со љубов“, за Кристен Стјуарт и Брус Вилис ова ќе биде деби во некој филм на славниот режисер.

 

Како што пренесуваат медиумите, засега е познато само дека продукцијата на филмот ја работат постојаните партнери ка Ален, неговата сестра Лети Аронсон, агентот Стефан Тененбаум, кој со режисерот соработувал на 15 филмови и Едвард Волсон. Во кината филмот би требало да се појави во 2016 година.