Холивудскиот актер Брус Вилис добил ќерка. Неговата сопруга, познатата манекенка Ема Хеминг, го родила девојчето на кое му дале име Мабел Реј Вилис.

На славниот актер ова му е четврта ќерка. Од бракот со актерката Деми Мур веќе има три ќерки, Румер, Скаут и Талула. Брус Вилис и Ема се во брак веќе три години.