Холивудскиот актер Брус Вилис изразил желба да го игра негативецот во новиот филм за Џејмс Бонд. Ѕвездата на филмовите „Умри машки“ рекол дека и претходно се обидел да игра негативци, но дека повеќе сака да биде херој. Меѓутоа, откако го гледал „Скајфол“ во кој Хавиер Бардем ја има главаната негативна улога, Вилис рекол дека би бил спремен да игра лошо момче во така познат филм.
Изјавил дека секогаш мислел како е забавно да се глумат лоши момци. И актерот од серијата „Доктор Ху“ Мет Смит рекол дека со задоволство би ја прифатил улогата на негативец во новиот филм за Бонд кој би требало да се појави во следните три години. Даниел Крег повторно ќе го игра славниот агент, додека името на режисерот сеуште не е познато.