Легендарниот актер Брус Вилис добил медал за допринос во филмот, во Франција. Наградата му ја врачила француската министерка за култура. Откако започнал да се занимава со актерство, Брус Вилис глумел во голем број филмски хитови, а неговиот талент конечно бил препознаен и во Франција.
На актерот во понеделникот му била доделена наградата “Commander of the Arts and Letters” за допринос во филмот. Со него во Франција била и неговата сопруга Ема, која носела елегантен син фустан, додека Вилис се одлучил за црно одело. На присутните актерот им рекол дека се чувствува како дома.