Актерот уште во 1998 година се разведе од својата сопруга и колешка Деми Мур (46) по 11 години брак. Пред една година Брус Вилис (54) ја запозна манекенката Ема Хеминг (32). Неговите пријатели тврдат дека конечно е подготвен за нов брак. Наводно, манекенката ја запросил пред неколку месеци, а конечната одлука за женидба ја донел на својот 54ти роденден.


Пријателите откриле дека планираат интимна церемонија овој викенд на островот Туркс и Каикос, каде актерот има куќа. Брус и Ема таму се веќе неколку седмици за се да подготват. Минатата сабота им се придружиле Деми и нејзиниот сопруг Ештон Качер (31) со кои Брус е во одлични односи. Наводно, парот ги резервирал сите вили и соби во луксузните хотели на островот за своите гости.