Брус Вилис би сакал да сними уште две продолженија од многу популарниот филм „Умри Машки“. Актерот изјавил дека сценариото за петтото продолжение веќе е при крај. Вели дека би сакал да глуми во што повеќе акциони филмови пред да стане престар за такви улоги.


Снимањето на филмот би требало да започне на почетокот на следната година. Актерот првото продолжение го снимил додека сеуште бил во брак со актерката Деми Мур. Парот во меѓувреме се разделил, а таа се омажила за Ештон Калер. Со Деми има три возрасни ќерки.