Холивудскиот актер Брус Вилис ја продавал својата куќа во Ајдахо за 15 милиони долари. Според локалните медиуми, Вилис ја продавал куќата во чиј склоп имало и гостинска куќа, теретана и базен, затоа што немал време таму да престојува со своето семејство.
Ѕвездата на филмовите „Умри Машки“ исто така ги продал и барот и ноќниот клуб во главната улица во градот Хејл. Вилис во западниот дел на овој град поседувал и терени за скијање.