Раперот Фифти Сент ќе глуми во трилерот “Fire With Fire”, во чија актерска екипа се наоѓаат уште и Брус Вилис и Џош Дамел, соопштија американските филмски списанија. Филмот ќе прати еден пожарникар вклучен во програмата за заштита на сведоци, бидејќи сведочел против насилен криминалец кој подоцна успеал да го пронајде.


Фифти Сент, чие вистинско име е Кертис Џексон, веќе соработувал со Брус Вилис во филмот “Setup”. Снимањето на филмот би требало да започне следниот месец, а режисер на овој проект ќе биде Дејвид Барет.