Големиот имот кој го купил додека сеуште бил во брак со Деми Мур, а на кој неговото семејство зимувало последниве 20 години, Брус Вилис одлучил да го подари. Имено, забележал дека имотот повеќе не го користел толку често бидејќи децата му пораснале, па затоа одлучил да го подари.
Сватил дека се поретки се заедничките викенди на скијање, па одлучил својот посед во Ајдахо да го подари на здружението „Soldier Mountain Ski Area“ кое се грижело за зачувување на околината и скијачките терени. Актерот со овој гест уште еднаш ја покажал својата великодушност.