Холивудскиот актер Брус Вилис и неговата втора сопруга Ема Хеминг го очекуваат своето прво дете кое би требало да се роди на почетокот на следната година. Според американските медиуми, тоа ќе биде четврто дете за актерот, кој има три ќерки од претходниот брак со актерката Деми Мур.
Брус, кој е во брак со Ема од март 2009 година, изјавил дека никогаш не бил толку среќен. Моментално работи на продолжението на акционата комедија „Ред“, во која глумел со Морган Фримен, Џон Малкович и Хелен Мирен.