Американскиот глумец Брус Вилис е принуден да ја заврши кариерата, бидејќи му била дијагностицирана афазија – губење на говорната способност и на разбирање на говорот. Тој има 67 години.
„Поради тоа, Брус става крај на кариерата којашто толку многу му значеше“, се вели во изјавата потпишана од сопругата на Вилис – Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и петте негови деца.
Меѓу филмовите во кои оствари најзабележителни улоги се „Умри машки“, „Евтини приказни“, „Шесто сетило“, „12 мајмуни“, „Џакалот“, „Петтиот елемент“, „Армагедон“ и многу други.
OhridNews