Брус Ли, еден од најпознатите светски мајстори во боречки вештини кои со своите улоги во филмовите инспирирал генерации идни карате борци, добил своја восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Холивуд. И полни четириесет години после мистерозната смрт Брус Ли и понатаму е синоним за скромен филмски јунак кој само со боречки вештини се бори против злото и насилството во секојдневниот живот.

На претставувањето на неговата фигура во музејот присуствувала неговата ќерка Шенон. Ли најмногу се прославил со улогите во филмовите „Во змаевото гнездо“, „На змаевиот пат“ и „Змаевата дланка“. Интересно е што бил исклучително вешт во танцувачките чекори па дури и бил инструктор по танц. Неговото училиште за боречки вештини го посетувал и Чак Норис.