Брус Џенер, очувот на Ким Кардашиан предизвикал сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот, а повредени биле пет деца. Во несреќата учествувале четири возила, а сударот во кој учествувале осум лица, виновен бил Брус кој со својот Кадилак се забил во Лексус кој возел пред него. Несреќата се случила во Малибу во Калифорнија, а погинала една жена.
Медиумие јавуваат дека Брус во моментот на несреќата типкал по мобилниот, но и дека бегал од папараците. Полицијата соопштила дека фотографите биле на местото на несреќата, но и дека не ја предизвикале. Брус веднаш бил подлегнат на алкотест кој бил негативен, а полицијата вели дека не возел пребрзо.