Музичкото списание Билборд го прогласило пејачот Бруно Марс за уметник на годината. Тој ја понесе оваа ласкава титула иако многумина мислеле дека ќе и припадне на Мајли Сајрус поради вртоглавиот подем на топ листите или на џастин Тимберлејк кој имал забележителен „камбек“ на музичката сцена по седумгодишна пауза.

Американскиот кантавтор има прилично успешна година зад себе. Негоата песна “When I Was Your Man” доспеала на првото, а нумерата “Treasure” во првите пет места на топ листите. Неговиот албум “Unorthodox Jukebox” бил издаден минатата година, а се продал во повеќе од 1,8 милиони копии и е втор најпродаван албум зад албумот на Тимберлејк “The 20/20 Experience”.