Бруно Марс наскоро ќе објави нов, трет студиски албум. Прво било замислено албумот да биде објавен во текот на овој месец, но тоа било одложено поради неговиот ангажман околу настапот со групата Колдплеј, на полувремето на овогодинешното издание на најпопуларниот спортски настан во САД, Суперболот. Неговиот татко изјави дека на албумот ќе има седум нови песни.

 

Според новите информации, албумот би требало да се појави во септември или октомври оваа година, како би влегол во конкуренција за доделувањето на Греми наградите следната година. Тон мајсторот на Бруно најави дека со новите песни ќе може да се забележи еволуција во звукот во однос на досегашните хитови. Првите два албуми, ‘Doo-Wops & Hooligans’ од 2010 и ‘Unorthodox Jukebox’ од 2012 година, Бруно Марс ги продаде во повеќе од шест милиони примероци.