Популарниот пејач ја купил оваа вила за 3,2 милиони долари. Бруно Марс не фати “граната” како што пееше, но сигурни сме дека е многу задоволен со неговиот последен “улов”.

26 годишниот пејач неодамна купи куќа вредна 3,2 милиони долари. Куќата се наоѓа на познатен и елитен дел во Лос Анџелес, Мулхоланд драјв.

Во импресивните 4 илјади квадратни метри површина, има сауна, 3 спални соби, 3 бањи, соба за масажа итн. Пред куќата младиот пејач си осигурал 10 паркинг места.