Со дуелот против Брест Мешков во СЕХА лигата македонскиот вицерпвак Вардар ќе ги започне натпреварите од втората полусезоната.
„Црвено црните“ имаат пеколен почеток бидејќи ќе одиграат шест меча во февруари вклучувајќи ги и дуелите во Лигата на Шампиони.
– Немаме многу време за подготовка, но очекувам со победа да започнеме во вториот дел од сезоната, иако ни гостува квалитетната екипата на Мешков Брест. Потоа одиме во Загреб, па ја пречекуваме Војводина во Скопје. Имаме квалитет и се надевам на максимален учинок на овие дуели. Потоа следува мечот од Лигата на шампионуте против Монпелје. Ние сме оптимално подготвени, со оглед на тоа што дури 11 наши ракометари настапија на светското првенство, и сигурно сите се изморени. Сепак, треба да го извадиме најдоброто од себе и да го постигнеме тоа што сите го очекуваат од нас. Сигурно ќе биде тешко, бидејќи не сме играле задно ниту еден натпревар повеќе од еден месец – рече Матјаж Брумен за официјалниот сајт на клувот.
Повредите ги заобиколија ракометарите кои беа дел од репрезентациите на Светското првенство во Катар. – Најважно е што нема нови повредени ракометари. Ние сме искусна екипа, која знае како треба во вакви периоди. Знаеме како да се вклопиме во ваквиот начин на игра, иако ќе биде потребно малку време за воигрување, пред се поради паузата – додаде Брумен.
На „црвено црните“ сезонава им оди добро во Лигата на шампиони и во СЕХА лигата каде се наоѓаат на втората позиција.
Ohridnews