Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ја отфрли можноста да се ангажира Матијаж Брумен во македонската репрезентацијата.
Ракометарот на Вардар деновиве се поврзуваше со добивање на македонски пасош со кој може да ги брани боите на Македонија.
– Матијаж Брумен е извонреден играч од светска класа, но не е во нашите планови за СП во Катар – рече Мукаетов за „Екипа.мк“.
Македонија во двата квалификациски натпревари за ЕП во Полска забележа победа и реми што е супер почеток за Мукаетов.
– Морам да признаам дека сум задоволен од освоените три бода на овие континентални квалификации, особено имајќи предвид што некои од клучните репрезентативци поради одредени, за мене, неразјаснети причини, имаа многу мала или практично никаква минутажа на натпреварувањата во РК Металург оваа сезона. Македонската машка сениорска ракометна репрезентација веќе година и половина нема загубено натпревар во квалификациските циклуси. Можам да кажам дека имаме реални шанси за пласман на ЕП во Полска во 2016 година, што е важно во поглед на задржување на континуитетот на големите натпреварувања – додаде претседателот на РФМ.
Ohridnews