Десното крило на Вардар, Матијаж Брумен е пред портите на македонска ракометна селекција и тој ќе биде во комбинација за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи на почетокот од следната година.


Според интернет порталот „Спортмедиа.мк“ веќе се започнати разговори околу ангажманот на Брумен, кој до 2012 година настапуваше за Словенија.

– Во моментов не можам ништо конкретно да кажам. Имаше некоја заинтересираност околу тоа, па сега нема ништо. Треба официјално да добијам понуда за да можам да решам. Не е невозможно да земам и македонски пасош и да играм за Македонија. Треба да ги видиме и условите што треба да се исполнат. Јас последен пат играв за Словенија во 2012 година на ЕП во Србија, и тоа на мечот против Македонија. Верувам дека наскоро ќе има поконкретни информации околу ова прашање – рече Брумен за „Спортмедиа“.

Ако крилотo на Вардар се согласи за добивање на македонски пасош, тој ќе биде трет натурализиран ракометар во репрезентатицијата по Ренато Вугринец и Немања Прибак.

Ohridnews