Екипите на Брумел и АСП ПАК ќе играат во финалето на 26 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ што се игра во Волино.

Во полуфиналето, синоќа, Брумел по изведувањето пенали ја совлада екипата на Сатеска со 4:2. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1. Во второто полуфинале АСП ПАК ја совлада екипата на Ресторан Станица и Викса Пром со 2:1.

Финалето се игра вечерва, 28 август, во 21 часот.

Претходно од 20 часот во меч за 3 место ќе се сретнат екипите на Сатеска и Ресторан Станица и Викса Пром.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 250 000 денари, а првопласираната екипа ќе инкасира 140 000 денари. Предвидени се парични награди и за второпласираната, третопласираната и четвртопласираната екипа, како и награди за најдобрите поединци.

Г.М.