Кевин Дурент доживеа тешка повреда на Ахиловата тетива во НБА-финалето кое Голден Стејт го загуби од Торонто репторс, а по завршувањето на сезоната тој замина од Оукленд и се пресели во Бруклин Нетс.
Повредата со која се здоби Дурент бара најмалку десет месеци рехабилитација, што значи дека тој би можел да се врати на терените во финишот на регуларниот дел од новата сезона.
Иако тоа може да се случи, од Бруклин не сакале ништо да ризикуваат и веќе објавиле дека Дурент воопшто нема да игра оваа сезона, дури и доколку целосно заздрави од повредата.
Бруклин Нетс на овој начин сакаат да ја заштитат својата инвестиција. Дурент од Нетс за четири години ќе добие 164 милиони евра.
Во отсуство на Дурент, прва ѕвезда на Нетс ќе биде Кајри Ирвинг, кој пристигна од Бостон Селтикс.
OhridNews