Бруклин Декер, американскиот супер модел и сопруга на тенисерот Енди Родик, неодамна за медиумите рекла дека на почетокот на кариерата и било многу тешко да се пробие бидејќи имала изразени женски атрибути. Сега размислувала тие атрибути да ги употреби во филмската индустрија. Оваа убавица досега имала неколку епизодни улоги во американските хит серии. Минатата година дебитирала и во долгометражните филмови во комедијата “Just Go With It”, каде играла заедно со Адам Сендлер и Никол Кидман.

Во наредниот период ја очекува премиерата на новата семејна комедија “What To Expect When You’re Expecting”, каде партнер ќе и биде Денис Квејд. Продуцентите заклучиле дека публиката ја сака Бруклин, па наскоро ја очекува и снимање на филмот “Battleship”, правен по истоимената игра, во кој манекенката за прв пат ќе ја има главната улога.