Манекенката и актерка Бруклин Декер, сопруга на тенисерот Енди Родик, им открила на медиумите дека отсекогаш сакала да посвои дете со потешкотии во развојот. Таа рекла дека за жал се повеќе деца со проблеми во развојот се даваат на посвојување, бидејќи семејствата тешко се носат со тие проблеми.

Бруклин наскоро ќе ја видиме заедно со Ријана во филмот “Battleship”. Инаку, ужива во складниот брак со тенисерот веќе три години и сеуште немаат деца.