Манекенката Бруклин Декер го покажала своето совршено тело на насловната страна на списанието ‘Women’s Health’. Таа проговорила за својот брак со тенискиот ас Енди Родик. Рекла дека една се обидел да ја научи да игра тенис, а таа ги исфрлила сите топчиња преку оградата и на крајот го скршила рекетот поради фрустрации. Потоа му рекла повеќе да не се обидува да ја научи да игра тенис, а таа него нема да го учи да биде модел.

Освен што е успешна на модните писти, Бруклин одлучила да стане и актерка. Нејзиниот прв филм ‘Just Go With It’ не добил позитивни критики, но манекенката не се откажувала. Оваа година ќе се појави во два филма, во ‘Battleship’ заедно со Ријана и во филмот ‘What to Expect When You’re Expecting’.