Поранешната манекенка која гради актерска кариера, Бруклин Декер, открила дека името го добила според коњот на најдобрата пријателка на нејзината мајка кој се викал Брук. Нејзинте родители се одлучиле за малку поформална верзија на името за својата ќерка.
Таа е три години во среќен брак со тенисерот Енди Родик, а наскоро се очекува да ја видиме во акциониот спектакл “Battleship“ заедно со Ријана. Таа исто така открила дека едвај чека да стане мајка. Рекла дека ќе се обиде да биде супер сопруга, да има деца и да работи во исто време. Таа на врвот од својата кариера во 2010 година му рекла збогум на манекенството и започнала да се занимава со глума.