Сопругата на американскиот тенисер Енди Родик, преубавата манекенка и актерка Бруклин Декер неодамна изјавила дека со својата појава ги плашела мажите се додека не се омажила. Манекенката се пошегувала на својата сметка и рекла дека е прилично висока, па поради тоа мажите никогаш не и приоѓале, веројатно мислејќи дека ќе ги „смачка“.
Меѓутоа, како што открила, нејзиниот сопруг бил многу упорен во своето настојување да ја освои, и иако неговите чести јавувања на почетокот ја нервирале, му дозволила да ја придобие. Рекла дека упорноста е многу привлечна особина кај мажите, а исто така многу важен и бил и хуморот.