Актерката Брук Милер сватила дека сепак не може да биде со поранешниот сопруг Чарли Шин. Заклучила дека е најдобро да ја прекине врската и да продолжи со животот без него. Со себе ги повела и нивните близнаци Боб и Макс. Ги спакувала своите работи и се одселила од нивната куќа во Лос Анџелес.


Бракот им траел три години. Чарли и Брук се помириле во август оваа година кога ја одвел на патување во Мексико кое траело три седмици. Пред неколку дена Чарли излегол на вечера со поранешната сопруга Дениз Ричардс, а Брук од тоа била многу погодена.