Без победник (2-2) заврши дербито на „Олимпико“ помеѓу Рома и Интер во рамките од 14-та рунда во италијанската Серија А.
„Нероазурите“ можат да жалат за трите бодови, бидејќи во два наврати имаа водство. Гостите од Милано поведоа со погодокот на Кеита Балде во 37-та минута и на одмор замиаа со предност. Рома резултатот го изедначи преку Ченгиз Ундер кој упати необранлив проектил кон голот на Хандановиќ. Десеттина минути подоцна Интер дојде до ново водство, овој пат Икарди беше стрелец. Интер ја смири топката и почна да го финишира мечот, но Брозовиќ играше со рака во казнетиот простор. Судијата Роки после прегледување на снимката досуди пенал, а во погодок го претвори Коларов. До крајот двете екипа имаа по уште на прилика, но резултатот остана непроменет.
Со освоениот бод на „Олимпико“, Интер се изедначи со Наполи на табелата, но пулените на Карло Анчелоти имаа меч помалку. 14-та рунда ќе се комплетира в недела со натпреварот Аталанта – Наполи.
OhridNews