Хуманитарната мисија за помош на малата Сара вистински го обедини Охрид. Броз и навивачката група Рибари додаоа уште една точка во агендата на оваа мисија, хуманитарна забава во Кадмо Бар вечерва (сабота) со почеток во 22ч.

Влезот ќе чини 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Сара во Германија за што се потребни над 200 000 евра.

Сара боледува од апластична анемија и итно и’ е потребна трансплантација на коскена срж за што единствен соодветен донор е нејзиниот 2 години помал брат.

OhridNews