Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски се закити со бронзен медал на Европскиот куп-трета лига, завршувајќи на третата позиција, во 3 000 метри.

Ивановски делницата од 3 000 метри ја помина со време 8 минути, 6 секунди и 66 стотинки, кое му донесе бронзен медал и нов државен рекорд.

Ивановски на трката заврши позади Јордан Гузман (Малта) и Елзан Бибиќ (Србија), кои имаа време под 8 минути.

OhridNews