Струшкиот боксер Фатлум Жута го донесе првиот медал за Македонија на Медитерантските игри во Мерсин, Турција.

Жута го освои бронзениот медал во категорија до 75 килограми, а непреминлива пречка за пласман во финалето беше Еѓипќанецот, Хосам Абдин.

Во боксот по автоматизам се доделува бронзен медал за боксерите поразени во полуфиналните борби.

Охриѓаните Сашо Лескароски и Бојан Ристевски натпреварите во Мерсин ги завршија во првата фаза.

Мх.П.