Членот на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, Василија Јовчески (1 дан) со бронзен медал во категоријата јуниори се враќа од Балканското првенство во Таеквондо, кое викендов се одржа во Букурешт, Романија.

Тој заедно со Филип Јосифоски (црн појас-2 дан) беа дел од државната репрезентација на Република Македонија која настапи на ова натпреварување.

– Ова е досега убедливо најуспешното Балканско првенство за македонското Таеквондо, што е сигурен показател за големиот и брз раст на нашето олимписко Таеквондо. „Хваранг Фист“ за само една година донесе 4 медали од врвни светски, европски и балкански првенства. Тоа не прави најуспешни како клуб за оваа година. – информираат од клубот.

На Балканското првенство во Таеквондо учествуваа 52 репрезентативци од сите клубови, членки на МТФ. Македонската репрезентацијата освои вкупно 18 медали, од кои 4 златни, 5 сребрени и 9 бронзени.

OhridNews