Футсал екипата од Основното училиште Христо Узунов го освои бронзениот медал на Републичките игри кои се одржаа во Скопје.
Основците од Христо Узунов во групната фаза завршија на првото место по победите над О.О.У Бајрам Шабани 3-1 и О.О.У. Братство 2-1.
Неприминлива пречка за охриѓани во полуфиналето беше тимот од О.О.У.Блаже Конески од Прилеп, кој славеше со 2-0.
Футсалците од Охрид во малото финале се издигнаа над болката од поразот во полуфиналето и го зграпчија бронзениот медал победувајќи го уште еднаш О.О.У. Братство.
Најуспешен настап на Републичките игри во Скопје имаа Основните училишта од Струга. Стружани со златни медали се закитија во ракомет (машки-Јосип Броз Тито) и кошарка (женски-Јосип Броз Тито).
Сребрени медали на Републичките игри освоија машките во фудбал од Основно училиште Браќа Миладиновци и женските во ракомет исто така од Браќа Миладиновци.
Успешен настап без медал имаа кошаркарите во машка конкуренција од Основно училиште Јосип Броз Тито кои завршија четвртото место.
Ohridnews