Во категоријата кик-лајт до 84 килограми охриѓанецот Арџент Узеири иначе дел од македонската кик боксерска освои бронзен медал на Европскиот куп „Белград Опен 2014“.

Охридскиот кик боксер во 1/4 финалната борба го совлада Милош Ковачевиќ додека во борбата а влез во финалето претрпе пораз Милутин Николиќ.

Најзабележителен настап од македонските репрезентативци имаше Димитар  Ѓорѓиев, кој го освои златниот медал во дисциплината до 79 килограми.

На Европскиот куп во дисциплините кик-лајт и К1 учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи од осум земји.

 

Мх.П.