Охридската боксерска надеж од клубот „Алексо Огненовски“, Марија Мацеска се закити со бронзен медал на турнирот „Алексеј Климанов“, кој се одржа во украинскиот град Каркив.
Мацеска во Украина беше дел од македонската селекција која се натпреваруваше во девојки и деца во пионерска конкуренција. 13-годишната Марија во 1/2 финалето изгуби од домашната боксерка Викторија Јаневич која подоцна и го освои златнио медал.
На турнирот „Алексеј Климанов“ настапија најдобрите боксери од Русијa, Мoлдaвијa, Литвaнијa, Пoлскa, Рoмaнијa, Мaкедoнијa и дoмaќинoт Укрaинa.
OhridNews