Охридската пливачка надеж Димитар Камнаровски освои еден бронзен медал и уште три пати пливаше во финалето на турнирот, кој се одржа во Белгија.


Со бронзениот медал Камнаровски се закити во дисциплина грбно 200 метри, а во дисциплините градно и слободен стил се пласираше на четвртата позиција. Во најтешката дисциплина 200 метри мешано Камнаровски заврши на осмото место.

На турнирот, кој означи официјален почеток на натпреварувањата настапија најдобрите пливачи од Холандија, Белгија, Франција, Португалија и Луксембург.

Мх.П.