Охриѓанецот Гоце Мојсоски се закити со бронзениот медал на Диамант купот кој се одржа денеска во романскиот град Букурешт.

Мојсоски кој напорно се подготвуваше за учеството на Диамант купот задоволен е од својот учинок во категоријата над 175 сантиметри висина.

  • Овој успех и медал и го посветувам на мојата татковина која денеска ја прославува независноста. Конкуренцијата беше голема и затоа бронзeниот медал вреди како злато. – изјави за Ohrid News, Гоце Мојсоски.

Мојсоски беше единствен преставник од Македонија и успешно ја престави нашата земја и Боди билдинг федерацијата. Учеството на Диамант купот во Букурешт беше генаралната проба за охридскиот боди билдер пред настапот на Арнолд Класик купот.

OhridNews